Даниел Вретоски
Овој настан се случува пред 3 години во нашето маало за еден близок мој другар.
Летно време, сонце, плажа, журки, овие нешта се само дел од летото кој сите млади па дури и возрасни го обожаваат.Еден ден јас и другарите бевме договорени да се собереме „кај кошот'“ па јас решив да му ѕвонам на мојот другар и да се договориме кога да одиме.Но не одеше се по план, бидејќи тој не бил повикан да дојде кај кошот па јас се зачудив.
Без разлика дали заборавил или не, јас нормално појдов со него.Тој многу не мислеше за тоа па цел пат зборувавме кој со кого ќе игра и др....
Но кога пристигнавме, нивните реакции ме зачудија, ги вртеа очите како да некој им го упропастил денот, па мене ми беше јасно дека тие не сакаа тој да игра со нив.
Ги прашав зошто е тоа така".

"Ние не сакаме
едно дете да ни ја уништи нашата игра, а ако ти мислиш дека не е така да си
заминете",
одговорија тие.
Јас во тој момент бев изненаден и изнервиран бидејќи мојот другар никогаш немаше речено еден лош збор за нив, а тие тука седат и го судат него, па јас реагирав:
"Што е битно дали е низок или висок или дали е добар или лош во спортот, ние дојдовме да се дружиме и забавуваме без разлика што правиме, а вие наместо да му кажете зошто го избегнувате и се правите како да играте во NBA. Епа ако толку ви значи една глупава игра тогаш играјте ја без нас".
И со тоа јас и другар ми заминавме а тие останаа без зборови.Од тој ден немаме слушнато од нив па богами подобро и да не.Сега тој си е супер, има многу подобри пријатели и нормално е повисок.

No comments:
Post a Comment