Friday, August 16, 2013

Дискриминација



Во моето училиште има секакви деца. Има лоши и добри. Исто така има и такви кои не винимаваат што кажуваат и лесно ги навредуваат нивните соученици.
Во мојот клас има едно девојче кое никогаш не се согласува со одлуките на целото одделение. Секогаш и пружаме рака кога е во тешка ситуација, секогаш и даваме шанса да се вклопи во одделението, но таа секогаш си тера по свое. Бидејќи таа секогаш се одделува од нас,  доаѓа во ситуација каде што повеќето од децата ја задеваат и навредуваат, како на пример: “Глупава си што не се дружиш со нас”, “каде има вакво одделение на планетава каде што сите се согласуваат, а само еден не?; “Секогаш ти помагаме кога си во неволја, а ти ни возвраќаш со тоа што не нарекуваш лоши пријатели!” – ете таков е однос кон неа и нејзиниот кон нас. Таа сеуште не го прифаќа фактот дека е сама.
Мене лично не ми се допаѓа оваа ситуација, па затоа еден ден се доближив до нејзината клупа и почнав да и поставувам прашања. Ја прашав зошто секогаш е повлечена и сама. Таа ми одговори дека не сакала да се дружи многу со нас бидејќи учењетои било поважно од другарството.
Иако учењето секогаш треба да биде на прво место на листата кај децата, без другари/другарки си ништо, а најважно во другарството е секогаш да се сакаме и почитуваме без разлика низ колку мали караници сме поминале.

Јана Христовска

No comments:

Post a Comment