Friday, August 16, 2013

Едно трансформативно искуство


Често основата на пријателството и интеракцијата помеѓу луѓето е заедничката тема и работите кои ги сакаме во животот. Цивил не поврза заедно да ги работиме нештата кои ги сакаме и веруваме во нивната значајна улога во нашиот живот.
Низ изминативе денови ја надоградувавме нашата љубов и нашиот талент во областа креативно пишување,но и ја зголемивме почитта кон другите уметности,како што е ликовната. Научивме поубаво да ја презентираме нашата текстописна перспектива,но и ликовната за да ги прошириме нашите хоризонти. Правејќи го тоа, создавме пријателства за кои вреди да се пишува роман и произведувавме смеа за целиот свет. Ненаспаноста ни беше заедничка тема, област во која сите бевме експерти.

Човековите права беа причината заради која дојдовме,но научивме многу повеќе. Кој би рекол дека учењето може да биде забавно? Скршивме многу стереотипи,со што заминаа и предрасудите. Летнава школа беше учење за животот,градење пријателства и всадување идеи кои не би знаеле дека постојат без ова искуство.

Атанас Аврамов

No comments:

Post a Comment