Friday, August 16, 2013

ДИСКРИМИНАЦИЈА



Дискриминација, тема која е болна за секого бидејки сите барем еднаш сме се почувствувале дискриминирано. Дискриминацијата е болно чувство, чувство како секој да те мрази, чувство на отфрленост, како цел свет да се свртел против тебе. Кога луѓето се дискриминирани од средината тие најчесто паѓаат во депресија, нивното прибежиште е нивниот дом.
Додека бев мала постојано си играв на улица со други деца. Улицата постојано беше исполнета со детски џагор. Сите игравме заедно, се дружевме и забавувавме, освен едно девојче кое постојано седеше на клупа. Се плашев да и се приближам, исто како и таа, за миг почувствував како да сме исти, но сепак многу различни, како да имаше ѕид помеѓу нас. Еднаш ги прашав моите родители зошто тоа девојче не игра со нас, зошто постојано седи на клупа.
Одговорот кој го добив ме трогна, девојчето припаѓа на групата лица со посебни потреби. Во тој миг како да ја сожалив, прв пат се соочив со такво нешто во мојот живот, хендикеп за кој до тогаш слушав само на телевизија, на кој дури не обрнував внимание. По неколку дена девојчето повторно седеше на своето место - на клупата. И се приближив, седнав до неа, почнавме да разговараме. А останатите гледаа со чудење. Тогаш го дознав нејзиното име - Матилда.
Во доцното попладне додека игравме сите заедно со топка, но овој пат играше и Матилда, дојде внукот на еден од соседите, дете кое постојано ни ја земаше топката, кое не навредуваше сите. Погледот на Матилда беше вознемирен, како да се плашеше да не биде навредена поради нејзината состојба (се мисли на хендикепот). Во тој момент детето се упати кон Матилда и почна да ја навредува поради нејзината состојба, а Матилда не можејки да го поднесе тоа понижување и тие навреди плачејки си замина. Една моја другарка му рече на детето дека нема право никого да невредува и само го праша: Како би се почувствувал ти да беше на местото на Матилда?. Детето засрамено влезе во зградата и неколку дена воопшто не излезе надвор.
Почитувај ги човековите права, не дискриминирај, бидејки никој не сака да биде навреден и понижен, земи се себеси за пример.



Христина Шајноска

No comments:

Post a Comment